МЕЃУНАРОДНА ПАНЕЛ ДИСКУСИЈА ОРГАНИЗИРАНА ВО СОРАБОТКА ПОМЕЃУ УНИВЕРЗИТЕТОТ „ВИЗИОН“ И ЦЕНТАРОТ „ТУРКМЕР“ ПРИ УНИВЕРЗИТЕТОТ „САКАРИЈА “

Меѓународниот универзитет „Визион“ и Центарот за применети истражувања во турскиот свет при Универзитетот „Сакарија“- Туркмер од Република Турција организира...

9 јуни 2022 / Вести

МЕЃУНАРОДНА ПАНЕЛ ДИСКУСИЈА ОРГАНИЗИРАНА ВО СОРАБОТКА ПОМЕЃУ УНИВЕРЗИТЕТОТ „ВИЗИОН“  И  ЦЕНТАРОТ „ТУРКМЕР“ ПРИ УНИВЕРЗИТЕТОТ „САКАРИЈА “

Меѓународниот универзитет „Визион“ и Центарот за применети истражувања во турскиот свет при Универзитетот „Сакарија“- Туркмер од Република Турција организираа меѓународна панел дискусија на тема „Споделување на искуства и соработка во областа на високото образование помеѓу Турција и Северна Македонија“.

Под модераторство на директорот на Апликативниот и истражувачки центар за сметководство и финансии Муфам  при Универзитет „Сакарија“ проф. д-р Ахмет Веџди Џан, на воведната сесија на панел дискусијата свои поздравни говори и презентации одржаа ректор на Меѓународниот универзитет „Визион“ проф. д-р Фадил Хоџа, претседателот на Одборот за квалитет на високото образование на Турција Јокак проф. д-р Мухсин Ќар, претседателот на Одборот за акредитација на Северна Македонија проф. д-р Агим Рушити, секретарот на премиерот на Северна Македонија, доц. д-р Муједин Кавеџи и директорот на Центарот за применети истражувања во турскиот свет при Универзитетот „Сакарија“, проф. д-р Ќоксал Шахин.

По воведната сесијата беа потпишани два протоколи, првиот за меѓународна соработка помеѓу Одборот за квалитет на високото образование на Република Турција – Јокак и Одборот за акредитација на Северна Македонија, и вториот помеѓу Институтот за балкански истражувања при Меѓународниот универзитет „Визион“ и Центарот за применети истражувања во турскиот свет при Универзитетот „Сакарија“–Туркмер. Ректорот на Меѓународниот универзитет „Визион“ проф. д-р Фадил Хоџа им додели плакета и сертификат на претседателот на Одборот за квалитет на високото образование на Турција – Јокак, проф. д-р Мухсин Ќар, претседателот на Одборот за акредитација на Северна Македонија, проф. д-р Агим Рушити, секретарот на премиерот на Северна Македонија, доц. д-р Муједин Кавеџи и директорот на Центарот за применети истражувања во турскиот свет при Универзитетот „Сакарија“, проф. д-р Ќоксал Шахин.

Другите сесии на панел дискусија продолжија со презентација на трудови од страна на истакнати академици во три сесии во салата на Сенатот на Универзитетот.