24 ноември 2026 / news
Амбасадорот на Република Турција во Скопје, Неговата Екселенција, г. Алпер АКТАШ, го посети Меѓународниот универзитет „Визион“.
Неговата Екселенција беше пречекан од нашиот ректор, проф. д-р Зоран ФИЛИПОВСКИ, основачот на Универзитетот, проф. д-р Фадил ХОЏА, проректорите, проф. д-р Абдулмеџит НУРЕДИН и проф. д-р Менсур НУРЕДИН, претседателот на Фондацијата „Шар Вардар“, г. Мефаил РЕЏЕП, деканите на факултетите, членовите на Сенатот и академскиот кадар на нашиот Универзитет.
Средбата на Неговата Екселенција со раководството на Универзитетот и академскиот кадар има особено значење за унапредувањето и зајакнувањето на образовните и академските односи меѓу Турција и Северна Македонија.
Како Меѓународен универзитет „Визион“, му благодариме на Неговата Екселенција, амбасадорот Алпер АКТАШ, за неговата срдечна посета и му посакуваме многу успех во извршувањето на неговата нова функција.