2 ноември 2025 / Вести
Во периодот од 29 до 31 октомври 2025 година, на Меѓународниот Универзитет Визион се одржа Вториот Меѓународен Конгрес за Балкански Научни Истражувања.
На конгресот учествуваа академици од Турција и од многу други земји. Свеченото отворање беше одбележано со поздравни говори на координаторите на конгресот, проф. д-р Мустафа Талас и проф. д-р Хава Селџук, проректорот на Универзитетот во Синоп, проф. д-р Мухитин Јилмаз, и проректорот на Универзитетот Визион, проф. д-р Менсур Нуредин.
Во текот на тридневниот научен настан беа одржани бројни сесии – и со физичко присуство и онлајн – на кои беа презентирани голем број академски трудови од различни области.
Беше истакнато дека целта на конгресот е зајакнување на академската соработка на Балканот и поттикнување на регионалната научна интеракција.