24 април 2026 / Вести
На конференцијата организирана во рамките на Меѓународниот универзитет Визион беа разгледани приоритетни глобални теми како што се вештачката интелигенција, човековите права, миграцијата и дипломатијата. Настанот, се реализираше со широко академско учество под покровителство на ректорската управа на универзитетот Визион.
Самитот започна со воведни обраќања на ректорот Проф. Д-р Ахмет Веџди Џан и проректорот Проф. Д-р Зоран Филиповски, при што беше истакнато влијанието на технологијата врз општеството. Во сесиите модерирани од Проф. Д-р Ајбејан Селим, истакнати експерти како Проф. Д-р Хасан Саид Тортоп и Доц. Д-р Милена Галетин одржаа презентации за дипломатските и хуманитарните аспекти на вештачката интелигенција.
Оваа престижна организација уште еднаш го потврди местото на нашиот универзитет во научниот свет и неговата посветеност кон општествените прашања.