6 мај 2025 / Вести
Основач ректорот на Меѓународниот Универзитет Визион, Проф. д-р Фадил ХОЏА по иницијатива на Претседателот на TMBH, г-Ердоган САРАЧ, остварија средба со Заменикот на Претседателот на Владата на Р.С.Македонија, Почитуваниот г- Љупчо ДИМОВСКИ.
На средбата се говореше за потребата за основањето на Меѓународниот Универзитет Визион, за досегашните научни активности како и за идните планови за развој на универзитетот. По тој повод, му подаривме неколку универзитетски учебници објавени од страна на Универзитетот Визион. Исто така почитуваниот Заменик Претседателот на Владата на Р.С.Македонија г- Љупчо ДИМОВСКИ, го поканивме да ја посети нашата високообразовна установа.