4 јули 2025 / Вести
Министерот за здравство на Република Северна Македонија, Почитуваниот Проф.Д-р Азир Алиу, во својот кабинет ја прими делегацијата предводена од Ректорот на Меѓународниот Универзитет ВИЗИОН, Проф.Д-р Ахмет Веџди ЏАН. За време на средбата беа искажани ставови за унапредување на соработката помеѓу Министерството за здравство на РСМ и Факултетот за здравствени науки на Универзитетот ВИЗИОН, како и за реализација на идните заеднички активности.