ЦЕРЕМОНИЈА НА ДОДЕЛУВАЊЕ НАУЧНИ ТИТУЛИ НА „ВИЗИОН“

На 27 јуни 2022 година (понеделник) со завршување на академската 2021/2022 година во салата за свечености на Меѓународниот универзитет „Визион“, ректорот  про...

27 јуни 2022 / Вести

На 27 јуни 2022 година (понеделник) со завршување на академската 2021/2022 година во салата за свечености на Меѓународниот универзитет „Визион“, ректорот  проф. д-р Фадил Хоџа изврши евалуацијата на активностите спроведени во академската 2021/2022 година.

      Ректорот при вршењето на евалуацијата оцени дека  академската 2021/2022 година е успешна и посака истиот успех и извонреден труд да го повторат универзитетските професори и административниот кадар и во новата академска година.

      По извршената евалуацијата им беше врачена академската титула доцент на 3 почитувани професори на Меѓународниот универзитет „Визион“, доц. д-р Гремина Елмази (дипломирана на Универзитет за ликовни уметности „Мимар Синан“), доц. д-р Шехида Ризванче Масани (дипломирана на Универзитетот „Хаџетепе“) и доц. д-р Азам Ќорбајрам (дипломиран на Универзитетот „Гази“).

Во името на Меѓународниот универзитет „Визион“ на професорите кои се стекнаа со титула им посакуваме успех  во нивниот иден академски живот.