9 декември 2022 / Вести
Новоизбраниот ректор на Меѓународниот универзитет „Визион“, проф. д-р Ахмет Веџди Џан и проректорот проф. д-р Менсур Нуредин ги посетија училиштата „Маариф“ во Скопје.
Претставникот на „Маариф“ во Северна Македонија, Мехмет Баран, директорот на гимназијата „Маариф“ во Скопје, Енес Шенпекер и заменик-директорот Метин Челили, го составуваа одборот за пречек на училиштата „Маариф“. За време на посетата се разговараше за можни идни соработки помеѓу двете институции.