24 јули 2025 / Вести
Меѓународниот универзитет Визион успешно ја одржа 9-тата одбрана на докторска дисертација во областа на Клиничката психологија на постдипломско ниво. Студентката на Факултетот за општествени науки, од докторската програма по Клиничка психологија, Дерија Болџал, успешно ја одбрани својата дисертација со наслов „Медијаторската улога на љубомората во односот помеѓу стиловите на приврзаност и брачното задоволство“ пред академската комисија.
Во својата дисертација, Болџал ја испитуваше врската помеѓу стиловите на приврзаност на поединците и брачното задоволство во романтичните односи, и научно го прикажа начинот на кој љубомората игра медијаторска улога во овој процес.
Ментор на дисертацијата:
Проф. д-р Фатма Ѓул Ќирхинлиоглу
Комисија за одбрана на дисертацијата:
-
Проф. д-р Фатма Ѓул Ќирхинлиоглу (Ментор)
-
Проф. д-р Муса Мусаи (Претседател)
-
Проф. д-р Муедин Кахвец (Член)
-
Проф. д-р Менсур Нуредин (Член)
-
Проф. д-р Булент Дервиш (Член)