4 ноември 2026 / Вести
На 04 ноември 2026 година, на Меѓународниот универзитет ВИЗИОН се одржа 10. традиционален шаховски турнир. Настанот, на кој учествуваа голем број студенти, започна со поздравно обраќање на ректорот, проф. д-р Зоран ФИЛИПОВСКИ.
Во рамките на турнирот, шаховскиот мајстор од Северна Македонија, д-р Осман САЛИ, одигра симултан шаховски меч против 10 студенти. Мечевите беа проследени со голем интерес, а д-р Осман САЛИ ги доби сите 8 партии, постигнувајќи значаен успех.
Настанот беше организиран со цел да се промовира шахот меѓу студентите на универзитетот, како и да се поттикнат стратешкото размислување и менталниот развој.
Беше истакнато дека шаховскиот турнир, кој веќе прерасна во традиција на Меѓународниот универзитет ВИЗИОН, ќе продолжи да се организира и во наредните години.