6 ноември 2023 / Вести
Ректорот на Меѓународниот универзитет „Визион“ проф. д-р Ахмет Веџди Џан и проректорот проф. д-р Менсур Нуредин ја посетија ректорката на универзитетот „9. Септември“ проф. д-р Нухет Хотар во нејзината канцеларија.
Потпишан е протокол за академска соработка меѓу двата универзитета, со цел да се развие академска, научна и културна соработка и да се продуцираат заеднички проекти во оваа област. Се надеваме дека овој протокол ќе биде корисен.