17 март 2026 / Вести
Ректорот на Меѓународен Универзитет Визион, проф. д-р Ахмет Веџди Џан, и основачот-ректор проф. д-р Фадил Хоџа, го посетија првиот заменик-претседател на Владата на РСМ , д-р Беким Сали, во неговиот кабинет.
За време на средбата беше разгледан нацрт-законот поврзан со високото образование, кој моментално е актуелен во земјата. Делегацијата на Меѓународен Универзитет Визион ги презентираше своите ставови во врска со предложениот нацрт закон, како и точките за кои се смета дека треба да бидат коригирани, при што на заменик-претседателот на Владата му беше доставен и подготвен предлог-документ.
Во текот на разговорот беше нагласена важноста од повторно разгледување на нацрт-законот и извршување на неопходните корекции, со цел системот на високото образование да добие поодржлива и поефикасна структура.
Средбата заврши во пријателска атмосфера и со размена на мислења и добри желби за понатамошна соработка.