6 април 2023 / Вести
За време на посетата што се одржа во Домот за нега и грижа на стари лица „Пела Мед“, во име на институциите беше потпишан протокол за соработка од страна на ректорот на Меѓународниот универзитет „Визион“, проф. д-р Ахмет Веџди Џан, и директорот на Домот за нега и грижа на стари лица „Пела Мед“, Арсение Лефковски.
Ректорот, проф. д-р Ахмет Веџди Џан, се заблагодари на директорот, Арсение Лефковски за потпишаниот протокол за соработка и за гостопримството, исто така го посети старечкиот дом и сместените стари лица и се информираше за работата на домот.