9 јули 2025 / Вести
На 7 јули 2025 година, делегација од Dijitalpark Teknokent оствари работна посета на Меѓународниот универзитет Визион. Делегацијата беше предводена од проф. д-р Тахсин Енѓин, генерален директор / извршен директор на Технолошкиот развоен регион на Турско-германскиот универзитет (Dijitalpark Teknokent – Истанбул) и универзитетски професор на Машинскиот факултет при Истанбулскиот технички универзитет. Во делегацијата учествуваа и заменик генералните директори Толга Билдириџи и Јунус Чендик.
Ректорот на Меѓународниот универзитет Визион, проф. д-р Ахмет Веџди Џан, ги пречека гостите, а на средбата присуствуваа и бројни академски и административни членови на универзитетот.
Средбата се одржа во Гостивар, во просториите на Меѓународниот универзитет Визион. За време на посетата се дискутираше за можности за соработка во областа на образованието и технологијата. Како резултат на разговорите, беше потпишан протокол за соработка меѓу двете институции, со цел унапредување на академско-индустриската соработка во областите на иновативноста, истражувањето, претприемништвото и развојот на проекти.