10 април 2025 / Вести
Евзије Шејма Бабајиѓит, координаторка на Турската агенција за соработка и координација (TİKA) во Скопје, го посети Меѓународниот Универзитет Визион.
Во рамките на посетата, Бабајиѓит беше пречекана од Ректоратот на Универзитетот, при што оствари средба со универзитетските претставници и разговараа за тековните проекти во областа на образованието, како и за можностите за идни соработки.
За време на посетата, Бабајиѓит имаше можност да се запознае со академската структура на институцијата, профилот на студентите и научните активности што се спроведуваат. Посебен акцент беше ставен на поддршката што TİKA ја обезбедува во образованието и потенцијалните заеднички проекти.
На крајот од посетата, двете страни изразија заемни желби за унапредување на соработката и се согласија да ја продолжат комуникацијата.