4 април 2021 / Вести
Министерката за образование и наука на Северна Македонија, г-ѓа Мила Цароска, во просториите на Министерството го пречека ректорот на Меѓународниот универзитет „Визион“, проф. д-р Фадил Хоџа. За време на посетата, ректорот, проф. д-р Фадил Хоџа ја информираше министерката за работењето на Меѓународниот универзитет „Визион“ и разменија мислења во врска со Законот за високо образование на Р. Северна Македонија.