28 октомври 2022 / Вести
На 18 октомври 2022 година, во салата на Сенатот на Универзитетот „Манас“ во Бишкек, Киргистан, беше потпишан протоколот за академска соработка помеѓу ректорот на Меѓународниот универзитет „Визион“, проф. д-р Ахмет Веџди Џан, основачкиот ректор на Универзитетот „Мирас“, проф. д-р Болат Мирзалиев, ректорот на КТМУ, проф. д-р Алпаслан Џејлан и в.д. ректор на КТМУ, проф. д-р Асилбек Кулмирзаев. Потпишаниот протокол вклучува заеднички научни истражувања, едукативна обука и културна соработка, како и програми за размена на академски кадар и студенти помеѓу двата Универзитета.