КАНДИДАТОТ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА ГОСТИВАР, НЕВЗАТ БЕЈТА, ВО ПОСЕТА НА МЕЃУНАРОДНИОТ УНИВЕРЗИТЕТ ВИЗИОН

Денес, кандидатот за градоначалник на Гостивар, Невзат Бејта, го посети Меѓународниот универзитет Визион. Во рамки на посетата беше извршена размена на мислењ...

25 декември 2025 / Вести

КАНДИДАТОТ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА ГОСТИВАР, НЕВЗАТ БЕЈТА, ВО ПОСЕТА НА МЕЃУНАРОДНИОТ УНИВЕРЗИТЕТ ВИЗИОН

Денес, кандидатот за градоначалник на Гостивар, Невзат Бејта, го посети Меѓународниот универзитет Визион. Во рамки на посетата беше извршена размена на мислења за проектите што се планира да се реализираат во Гостивар доколку г-дин Бејта биде избран.

На средбата особено се разговараше за унапредување на соработката меѓу градот и универзитетот, реализирање заеднички активности во образовната и социјалната сфера, како и за академскиот и социјалниот придонес што универзитетот може да го даде за градот. Посетата заврши со заемни изрази на добра волја.