ИЗЛОЖБА НА СТУДЕНТИТЕ ПО АРХИТЕКТУРА ВО ВИЗИОН

Одделот за архитектура при Меѓународниот универзитет Визион ја отвори изложбата на проекти за пролетниот семестар 2024/2025 академска година. На настанот пр...

27 мај 2025 / Вести

ИЗЛОЖБА НА СТУДЕНТИТЕ ПО АРХИТЕКТУРА ВО ВИЗИОН

Одделот за архитектура при Меѓународниот универзитет Визион ја отвори изложбата на проекти за пролетниот семестар 2024/2025 академска година. На настанот присуствуваа ректорот проф. д-р Ахмет Веџди Џан, основачкиот ректор проф. д-р Фадил Хоџа, проректорот проф. д-р. Абдулмеџит Нуредин,  декани на факултети, академски кадар и студенти. Изложбата привлече големо внимание. Изложените проекти ја истакнаа способноста на студентите да ги комбинираат техничките знаења со естетски и кориснички ориентирани решенија, покажувајќи дека архитектурата не е само проектирање згради, туку и уметност на создавање простор за живеење. Деканот на Факултетот за инженерство и архитектура, проф. д-р Ајбејан Селим, изрази благодарност до академскиот кадар за нивниот придонес и им честиташе на студентите за нивната креативност и посветеност. Настанот го прикажа напредокот во архитектонското образование и понуди инспиративна атмосфера за сите присутни.