ЗНАЧАЈНА ПОСЕТА ОД ВИЗИОН ЗА СВЕТСКИОТ ДЕН НА ЛИЦАТА СО ИНВАЛИДНОСТ

Меѓународниот универзитет „Визион“ ги посети Сервисниот центар за лица со посебни потреби и центарот за аутизам „Blue Puzzle“ во Гостивар, како дел од програм...

4 декември 2023 / Вести

Меѓународниот универзитет „Визион“ ги посети Сервисниот центар за лица со посебни потреби и центарот за аутизам „Blue Puzzle“ во Гостивар, како дел од програмата по повод 3 декември - Светскиот ден на лицата со инвалидност. На посетата организирана од Студентскиот совет при Меѓународниот универзитет „Визион“ присуствуваа ректорот проф. д-р Ахмет Веџди Џан, дел од академскиот кадар, претседателот на студентскиот совет и голем број студенти. При посетата беа добиени информации за физичката состојба на институциите, нивната образовна инфраструктура, потребите и активностите. На крајот од посетата, на учениците кои учат во центрите им беа доделени подароци составени од специјални едукативни материјали подготвени од Универзитетот „Визион“.