3 јули 2024 / Вести
Ректорот на Универзитетот „Мехмет Акиф Ерсој“ од Бурдур, проф. д-р Хусеин Далгар го посети Меѓународниот универзитет „Визион“ со неговата придружна делегација. За време на посетата се разговараше за можни соработки меѓу двете институции и беа преземени значајни чекори во овој контекст.
На средбата детално се разговараше за можни соработки како што се програмите за академска размена, заеднички истражувачки проекти, културни настани и студентска размена. Како резултат на средбите беше потпишан протокол за соработка меѓу двата универзитета.
Ректорот на Меѓународниот универзитет „Визион“, проф. д-р Ахмет Веџди Џан и ректорот на Универзитетот „Мехмет Акиф Ерсој“ од Бурдур, проф. д-р Хусеин Далгар го потпиша протоколот за соработка на церемонија одржана во салата на Сенатот. Двајцата ректори истакнаа дека овој протокол ќе ја зајакне меѓуинституционалната соработка и ќе даде значителен придонес во областа на образованието и истражувањето.
По церемонијата на потпишување на протоколот, делегациите имаа можност да го посетат универзитетскиот. Оваа посета е оценета како важен чекор кон воспоставување на соработка меѓу двата универзитета.