ПОЧЕТОК НА НОВАТА 2026/2027 АКАДЕМСКА ГОДИНА НА МЕЃУНАРОДНИОТ УНИВЕРЗИТЕТ „ВИЗИОН“

4 октомври 2026 / Вести

ПОЧЕТОК НА НОВАТА 2026/2027 АКАДЕМСКА ГОДИНА НА МЕЃУНАРОДНИОТ УНИВЕРЗИТЕТ „ВИЗИОН“

 ПОЧЕТОК НА НОВАТА 2026/2027 АКАДЕМСКА ГОДИНА НА МЕЃУНАРОДНИОТ УНИВЕРЗИТЕТ „ВИЗИОН“

Почетокот на академската 2026/2027 година на Меѓународниот универзитет „Визион“ беше одбележан со свечена церемонија на која присуствуваше основачот и ректор-проф. д-р Фадил Хоџа, а проф. д-р Ахмет Веџди Џан официјално ја предаде ректорската функција на проф. д-р Зоран Филиповски.

На свеченоста присуствуваа државниот министер на КМЦ Зулфикар Зејнула, пратеникот д-р Бејџан Иљас, советникот за образование при Амбасадата на Република Турција во Скопје Али Риза Алтунел, Членот на Уставен Суд на РСМ Фатмир Скендер, членот на Уставниот Суд Фатмир Скендер, генералниот директор на Халкбанк д-р Фатих Шахбаз, градоначалникот на општина Центар Жупа Аријан Ибраим, поранешниот државен министер проф. д-р Аднан Кахил, раководителот на Катедрата за туркологија при УГД проф. д-р Махмут Челик, советникот на општина Гостивар д – р Шерафедин Беба, како и директори на основни и средни училишта од Гостивар, бројни академски кадри и студенти, кои со своето присуство ѝ дадоа посебно значење на церемонијата.

Во своето обраќање, досегашниот ректор проф. д-р Ахмет Веџди Џан им се заблагодари на сите кои придонеле за развојот на универзитетот во текот на неговиот четиригодишен мандат. Тој истакна дека функциите се привремени и дека најважно е зад себе човек да остави добро дело и убав спомен.

Новиот ректор проф. д-р Зоран Филиповски го истакна големиот развој што Универзитетот го постигнал од своето основање до денес. Тој посочи дека новата академска година ќе им понуди на студентите нови можности за стекнување знаења, искуства и личен развој.

Во Владата на РСМ и Претседателот на ДПТ Зулфикар Зејнула истакна дека се горди на денешните достигнувања на Универзитетот „Визион“, кој е резултат на идејата за основање универзитет на кој образованието се одвива на турски јазик. Тој му се заблагодари на досегашното раководство и му посака успех на новото раководство.

Пратеникот д-р Бејџан Илјас потсети дека универзитетското образование не значи само стекнување професија, туку и формирање млади луѓе кои умеат аналитички да размислуваат, ги почитуваат националните вредности и се отворени кон глобалните достигнувања.

Советникот за образование при Амбасадата на Република Турција во Скопје, Али Риза Алтунел, ги повика младите максимално да ги искористат универзитетските години, постојано да се усовршуваат и уште денес да се подготвуваат за својата иднина.

Во завршниот дел од церемонијата, на академскиот кадар на Меѓународниот универзитет „Визион“ му се приклучија пет нови доценти: доц. д-р Мерјем Капрол Мучи, доц. д-р Енгин Илјас, доц. д-р Сунчица Трифуноска Јаник, доц. д-р Елиф Хоџа Ќорбајрам и доц. д-р Серкан Субаши. На новите членови на академскиот кадар им беа доделени уверенија за стекнатото академско звање.

Меѓународниот универзитет „Визион“ со својот силен академски кадар и новиот пристап во управувањето ја започна новата академска година со свежа енергија и оптимизам, отворајќи ново поглавје во својот понатамошен развој.